ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на пладне ќе одржи јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“.

Advertisements

На јавната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, се поканети и претставници на Владата, Министерството за образование и наука и органите во неговиот состав.

Се очекува да присуствуваат и претставници на државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, МАНУ и невладини организации чиј домен на интерес е образованието. Исто така, на седницата се поканети и претставници на меѓународни претставништва кои ги поддржуваат образовните реформи во земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button