Јавна расправа во Апелација за Ласкарци

Во Апелациониот суд во Скопје се одржува јавна седница за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“ во Ласкарце на 13 февруари 2019 година во која загинаа 16 лица и 38 други беа повредени.
Претседателката на Судскиот совет, Татјана Дуковска, три часа читаше делови од пресудата од 600 страници, која ја изрече Кривичниот суд во Скопје на 24 јануари 2024 година, со која 6 лица беа осудени на вкупно 39 години затвор. Дуковска го опишуваше текот на настанот, ги читаше изјавите на сведоците, но и на експертите, а кога ги спомена по име и презиме жртвите,на семејствата кои присуствуваа на седницата, им се наполнија очите со солзи. Обвинителството поднесе жалби за 4 обвинети, бидејќи не е задоволно од висината на казната додека жалба не поднесе за возачот на автобусот, Манол Трифуновски, кој доби највисока казна во првостепената пресуда од вкупно 14 години затвор и за вработениот во техничката станица, Јане Бабаровски, кој беше осуден на 5 години затвор.
Сите обвинети, како што изјавија и во првостепената пресуда, не се чувствуваат виновни и не се согласуваат со пресудата на Кривичниот суд и бараат Апелациониот суд да ја поништи и предметот да се врати од почеток поради основни повреди на постапката, но и поради погрешно утврдување на фактите.
За ова, жалби пред судскиот совет ќе поднесат и останатите осудени, односно, одговорниот за транспорт во „Дурмо“, Ремзи Мифтари, кој беше осуден на 6 години затвор, раководителот на техничката станица, Игор Ѓорѓиевски и неговиот колега Гордан Дуковски, кои беа осудени на по 5 години затвор, но и сопственикот на компанијата „Дурмо“, Дурмиш Белули, кој доби најниска казна од сите, односно 4 години затвор.
Според пресудата на првостепениот суд, автобусот бил технички неисправен во однос на сопирачките, а имал и поставено манипулатор за такографот, со што се манипулирало со брзината на движењето на автобусот. Во пресудата се вели дека возачот ја предизвикал несреќата поради небрежност, движејќи се со поголема брзина од дозволената.
Сепак, пресудата сè уште не е правосилна, иако од несреќата поминаа повеќе од шест години. Поради обемот на предметот, седницата во Апелација е предвидено да продолжи и утре.
Суад Бајрами