ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавна расправа за менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Денеска се одржа првата јавна расправа за втората фаза за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која има за цел да воведе регулиран начин на рекламирање во рамки на државните кампањи во националните медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, рече дека во моментов се анализираат четири члена од законот како најсуштински, меѓу кои и решение за пиратеријата. Тој рече дека законот е чувствителна тема за многу партии и на крајот не може секој да биде задоволен.

Advertisements

„Исто така, имаме член кој го решава тој проблем. Бидејќи како што знаете пиратеријата не е само во медиумскиот простор, секаде е процес кој треба да се следи и решава, така е и во овој дел. Цел на државата е да креира политики преку кои ќе биде можно да се намали или елиминира овој процес“, рече Алиу.

Иван Мирчевски, генерален директор на телевизијата Канал 5, рече дека конечно државата сфатила дека не можеме да бидеме единствени во Европа каде државните кампањи кои се од јавен интерес, се забранети.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), заедно со професионалните здруженија на новинари и граѓански организации од медиумскиот сектор реагираа на најавите за повторно воведување на владините телевизиски кампањи. Тие сметаат дека нивното финансирање со државни пари ќе ја намали независноста на медиумите. Втората јавна расправа за закон се очекува за неколку недели кога експертски групи ќе направат измени во тестот.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button