ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

“Јавна седница” пред Собрание

Јавна седница беше наречен денешниот собир што се одржа пред собранието, поради трагедијата која што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и за сите останати институционални пропусти за останатите трагедии.

Advertisements

Борјан Ефтимов од иницијативата „Кој е следен“ рече дека денеска од пред Собранието бараат одговорност и транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот „Пулс, од сите засегнати инситуции. Тој додаде дека се револтирани поради не работењето на Собранието, не само во изминатите две недели, туку како што вели, во целиот животен век. Оттаму велат дека кога пратениците кои што се платени од парите на народот одат на одмор, тие како граѓани се собираат пред него и дискутираат за своите проблеми.

„Македонија не функционира од самото нејзино основање и затоа бараме транспарентно да се објави документацијата и за низа други трагедии кои што се случија изминатиот период, односно бараме транспарентно да се објави документацијата за случајот поврзан со „Беса транс“, случајот поврзан со „Дурмо Турс“ случајот поврзан со „Онкологија“ и случајот поврзан со„Тетовската модуларна болница“ сметаме дека исто така и во овие трагични настани каде што системот потфрлил јавноста е не целосно информирана, се со цел да се заштитат одредени индивидуалци и групи кои што владееле со Македонија во изминаитте 35 години“, рече Борјан Ефтимов – „Кој е следен“.

Игор Антов од „Кој е следен“ порача дека имаат и барања за безбедност кои што се поделени во два дела, безбедност и одговорност. Бараат да се оформи електорсни инспекторат со што секој граѓанин ќе може да има увид кој објект и локал бил подолжен под инспециски надзор а кој не, како и обезбедување на функционален јавен превоз.

„Мобилноста во денешното време е неопходност поради тоа што секој еден од нас секојдневно мора да се најде на правото место во правото време, а моменталниот јавен транспорт не го гарантира тоа, тоа предизвикува повеќе коли да бидат на улиците со што пешаците и секој еден од нас не може да се движи безбедно по улиците. Одредени зони во градот да бидат зони само за пешаци, тоа привремено функционира во одредени места во Скопје како што е Дебар маало, каде одредени улуци за време на викендите најчесто функционираат без автомобили, такви мерки се почетокот за да ги направиме нашите градови, градови на луѓе, а не градови на машини“, вели Антов.

Организаторите на настанот имаа и поставено јавна говорница каде што секој граѓанин можеше да излезе пред сообранието и да си го каже своето мислење. Еден од присутните граѓани порача дека треба да се промени системот и да дојде време кога граѓанинот ќе стане газда, а политичарот слуга.

„Нека не ве лажат дека во Македонија владее демократија ,не владее ниту во Србија,Грција, Бугарија, Албанија, Америка ниту во Русија. Секоја држава каде што политичарите владеат со народот не е демократија, вистинска демократија е само кога народот владее, а политичарите се слуги. Во Македонија вие сте слуги на политичарите, сакате нов систем, еве ви нов систем ајде да ги пензионираме политичарите, ајде да воведеме директна демократија“, вели Влатко Иљачев – граѓанин на собирот.

Од иницјативата ги отфрлаат сите обвинувања дека тие се партиски поврзани и не веруваат дека политичките парии вистински се залагаат за промена. Оттаму велат дека по завршувањето на собирот пред собранието, ќе донесат заедничка одлука за следните активности.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button