ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Јавна соба“, уште се чекаат законски измени

По вознемирувачките содржини кои се споделуваа во Телеграм групата „Јавна соба“, државата најави измени на Кривичниот законик. Иако веќе е познато дека се воведуват две нови дела „Демнење“ и „Полово вознемирување“, новите законски одредби сè уште не се поставени на ЕНЕР – интернет платформа каде во измените ќе имаат увид и граѓаните.

Advertisements

Се чека да се состане работната група за измени на Кривичниот законик со која раководи академик Владо Камбовски. Се очекува телото во кое дел се и судии, обвинители, професори да се состане од понеделник, па дури потоа предлог-измените да се стават на јавен увид. Со членот „Демнење“ за злоупотреба на лични податоци преку телекомуникациски мрежи се предвидува парична казна или затвор до три години. За „Полово вознемирување“ предвидена е пониска затворска казна.

„Полово вознемирување“:

„Вербално или физичко дејствие кое има директно или индиректно, реално или симболично значење на наведување, непристојна понуда, намамување, изразување полова страст или друго дејствије кое потсетува на полов однос или други со него изедначени полови дејствија, ќе се казни со парична казна или затвор до една година.“

Јавниот увид во измените на Кривичниот закон кои се иницирани по скандалозното споделување лични фотографии на Телеграм, треба да трае 20 дена од денот на објавување. Потоа измените треба да се изгласаат со просто мнозинство во Собранието. Иако „Јавна соба“ официјално е затворена, сепак на интернет се отворија нови слични платформи и нивни членови од земјава споделуваат фотографии со членови од Србија. Полицијата најави дека го истражува и тој случај, но проблем е што апликацијата Телеграм, според министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, не соработува со нашите истражни органи.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button