
Јавната набавка на инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено е снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта, информира денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.
Тој нагласи дека јавната набавка е за наредните две години, појаснувајќи дека на тој начин се сака да се избегне недостиг на инсулин.
„Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет, одлучија набавката за инсулин да се направи секоја втора година што мене ми се допаѓа. Многу е порационално да нема недостиг, секоја година се набавува, па додека пак се направи набавката, некогаш 2-3 до 10 дена недостасува. Ќе се набавува на две години, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот речиси 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани, особено за тие со дијабет“, изјави Таравари од Тетово.