ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред со исклучок на неколку линии

Поради верскиот празник Водици, утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од претпријатието исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button