ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавноста пренесена „жедна преку вода“ за случајот со водата за пиење кај Синичане

По една година и два месеца, сè уште нема разрешница за случајот со водата за пиење во Синичане и улогата на обвинителката Лејла Кадриу од Тетово. На 31 – ви јули ноќта 2020 – та година во тензична атмосфера, населението од шарпланиснките села Синичане и Урвиќ влегоа во конфликт околу екслузивноста на извор за снабдување со вода и изградба на водовод. Освен полицијата, која беше на терен да спречи конфликт, ноќта во Синичане се појавила и обвинителката Лејла Кадриу. До денес, обвинителството не откри – зошто таа била таму, кој ѝ дал наредба и по кој основ отишла во Синичане? Гостиварското вишо обвинителство изготви извештај, но централата во Скопје не открива – што е содржината, дали Кадриу требала да биде на Шар Планина и дали против неа е започната дисциплинска постапка за евентуално разрешување.

Основно јавно обвинителство

„Дисциплинските постапки се спроведуваат доверливо, на начин со кој не се нарушува честа и достоинството на јавниот обвинител.​ Од тие причини, не сме во можност да споделуваме информации за постапки против кој било јавен обвинител.“

И додека обвинителството не открива дали – и евентуално – кој ѝ наредил на Кадриу да оди на терен и да им издава наредби на полицајците кои таму го чувале редот и мирот, Законот за обвинителство предвидува, лесни и тешки дисциплински мерки.

Закон за обвинителство, Член 95

За утврдена лесна дисциплинска повреда

– писмена опомена, намалување на платата до 15% од месечната плата на јавниот обвинител во траење од еден до шест месеци.

За утврдена тешка дисциплинска повреда

– намалување на платата во висина од 15% до 30% од месечната плата на јавниот обвинител во траење од еден до шест месеци, разрешување…

Кадриу пред повеќе од една година тврдеше дека во Синичане водела предистражна постапка, но не кажа кој ѝ дал налог да се упати на падините на Шар Планина, ниту објасни што точно истражувала. Таа доцна во ноќта имаше и телефонски разговор со тогашниот технички премиер, а сега министер за полиција, Оливер Спасовски. Го обвини дека го брани криминалот и тврдеше дека тој ја нарекол криминалец – информација која потоа Спасовски ја демантираше.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button