ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителство откри детали за акциите што осомничените поранешни полицајци ги продале на криминалната група преку апликацијата SKY/ECC

Јавното обвинителство откри детали за акциите што осомничените поранешни полицајци ги продале на криминалната група преку апликацијата SKY/ECC

Во ОЈО детално се опишани дејствијата и истрагите кои Дарко Групчев и Ејуп Акија му ги продале на Оливер Петров. Осомничените во својство на полициски службеници влијаеле и врз исказите на сведоците и дале информации за оперативните мерки на полицијата, поточно кои полициски службеници се ангажирани во истрагата за кривичните дела на групата.

Advertisements

Декември 2019 година. Осомничените влијаеле врз жртва на обидот за убиство (сега починат) да ја промени изјавата дадена во полиција со закана дека тој и неговото семејство повторно ќе бидат нападнати. Неофицијално во овој случај станува збор за убиство на албански државјанин, чие тело беше пронајдено во Матка.

Август 2020 – Убиство. Осомничените дале доверливи информации на криминалната група. Овој настан неофицијално се однесува на убиството на 49-годишен маж во Инџиково, Скопје.

Во 2020 година – акцијата „Мали“, осомничените давале информации за криминалната група за полициската истрага. Акцијата се однесувала на трговија со наркотици, перење пари, организирана криминална група и криминално содејствување. Акцијата се одвивало во селото Грчец, во Сарај.

Во периодот септември 2020, осомничените дале информации за обезбедените докази и изјавите на сведоците во случајот со киднапирање каде што беа осомничени 5 лица.

Март -2021 – двојно убиство во Скопје, дале информации за тоа кој е задржан во станица, какви мерки се преземаат и кои полициски службеници се вклучени во истрагата. Полициски извори велат дека истражните тајни дадени од поранешните полициски службеници се однесуваат на убиството на две млади лица Африм Бериша и Бурим Вардари кои беа убиени за време на полицискиот час во време на пандемија на пат кон Блаце.

Неофицијално се дознава дека од податоците обезбедени преку разговорите добиени со апликацијата SKY/ECC произлегле и докази за зделките, кои осомничените ги извршиле со претставникот на организираната криминална група во замена за информации и истражни тајни./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button