СПОРТФУДБАЛ

Јирген Клоп незадоволен од судијата Мајкл Оливер

Ливерпул и Манчестер сити одиграа 1:1 во дербито на колото во Премиер лигата. Од нерешениот резултат најмногу профитираше Арсенал кој се искачи на првото место со 64 бодови, колу што има и Ливерпул, Сити се трети со бод помалку. На овој натпревар во тимот на Ливерпул, за прв пат по Африканскиот куп, се појави и Мохамед Салах. Головите на „Енфилд“ ги постигнаа Стоунс за Сити и мекалистер од пенал за Ливерпул.

Advertisements

Актуелните шампиони, можат да бидат задовлни од конечниот исход, бидејќи ја преживеаја офанзивата на Ливерпул во вториот дел, ког „црвените“ не реализираа пет изгледни шанси. Дискутабилна е и одлуката на Мајкл Оливер да не досуди пенал за Ливерпул, по стартот на Доку над Мекалистер.

„100 посто беше пенал. За сите фудбалски луѓе на планетата. Тоа е 100 отсто прекршок на кој било дел од теренот и веројатно е жолт картон. Сите луѓе наоколу кои ја видоа снимката извикуваа дека тоа е чист пенал. Но знам дека ќе ни најдат некое објаснување… Можеби ќе се кријат зад објаснувањето и фразата дека не била очигледна ситуација за гол. Секако дека беше пенал, но не го добивме и продолжуваме понатаму. За мене најважно е да продолжиме да играме ваков фудбал. Видов неколку фантастични изданија од моите играчи денес. Сите беа спектакуларни“, рече Јирген Клоп по натпреварот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button