ЈО итно да отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра, бара ВМРО-ДПМНЕ

Конкурсот за избор на супервизорски компании на конзорциумот што ќе ги гради Коридорот 8 и 10-д „Бехтел&Енка“ Владата двапати го менуваше. Интервенции беа направени во роковите за поднесување. Во првата интервенција Владата го продолжи рокот за поднесување, додека во втората им ги олесни условите на конкурентските компании со отстранување на условот „само фирми со позитивно финансиско салдо“. Според ВМРО ДПМНЕ, ова е основа Јавното обвинителство да покрене истрага за местење тендери.
„Владата на 30.09.2020 година носи Одлука со која им препорачува на сите институции да не склучуваат договори со ЕПТИСА, затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, на железничката пруга Куманово – Бељаковце, една година подоцна Министерството за транспорт и врски носи Потврда со која и издава дозвола ЕПТИСА да може да врши надзор за истите работи за кои веќе еднаш на владина седница е констатирано дека истата работела незаконски, неетички и несоодветно“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
ЈО мора да истражи, зошто ЕПТИСА првин била санкционирана, за по една година да добие повторно дозвола? Што се крие зад магично брзото помилување?