ЈО: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности

До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни нерегуларности. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите, информира Јавното обвинителство на Република Северна Макеоднија.
-На електронската адреса [email protected] , стои во соопштението, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата.