ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЈО со наредба за истрага за четирите лица поврзани со запленетиот кокаин во Грција, определен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера во текот на попладневните часови, донел наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Според наводите во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ.

Advertisements

Како резултат на повеќемесечна соработка и размена на информации со Директоратот за борба против дрога од Солун, Република Грција, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, е утврдено дека од почетокот на 2022 година до 08.05.2023 година, осомничените, како членови на меѓународна криминална група, заеднички делувајќи со грчки и албански државјани, организирале неовластена набавка и пренесување на кокаин од Еквадор, Јужна Америка до Солун. Притоа, секој од членовите имал своја улога при набавката, пренесувањето и складирањето на наркотичната дрога.

Покрај наредбата за спроведување на истражна постапка, јавниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, вчеравечер до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата на претходна постапка делумно го прифати предлогот на обвинителството и на двајца осомничени со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на двајца осомничени им определи мерка куќен притвор.​ 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button