СПОРТФУДБАЛ

Јосип Брекало ја напушта Фиорентина и оди кај Динамо Загреб

Јосип Брекало денеска треба да стане играч на Динамо, пренесува добро информираниот весник од Фиренца “Ла Национе”. Синоќа во Купот на Италија против Болоња, Брекало остана цел натпревар на клупата, иако Фиорентина има големи проблеми со повредите и заминувањето на крилните играчи на Африканскиот Kуп на Hации.

Брекало во Фиорентина заработува 1,7 милиони евра по сезона. Динамо би му платил нешто помалку од тоа што му го плаќа Фиорентина и би заработувал 100 илјади евра месечно во Динамо, а бара и бонус за евентуална титула во лигата.

Брекало би го чинел Динамо околу 600.000 евра до крајот на сезоната и до 700.000 доколку ја освои титулата. Брекало сака да го промени клубот за да му се наметне на селекторот Златко Далиќ пред Европското Првенство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button