Јотова на средба со бугарската заедница во Скопје побара уставни измени
Јотова на средба со бугарската заедница во Скопје побара уставни измени

Доколку Бугарите не се вклучат во Уставот, преговорите на Македонија со ЕУ нема да почнат, повтори потпретседателката на Бугарија, Илјана Јотова, која на враќање од Косово беше во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во земјава. На средбата што се одржа во бугарската амбасада во Скопје, Јотова рече дека Бугарија нема да прави отстапки.
„Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, ви велам, нема да има напредок во разговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од Европската комисија и мисијата на ЕК, со кои ќе почнат вистинските разговори“, рече Илјана Јотова, потпретседателка на Бугарија.
Од МНР не ја коментираат изјавата на Јотова, но во врска со гласините дека таа ја остварила посетата без најава, велат дека посетата била најавена по дипломатски пат прек Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
„Ве информираме дека во врска со престојот на потпретседателката не се побарани средби или други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ државата го организира Амбасадата“, велат од Министерство за надворешни работи.
Посетата на Јотова се случува во време на зголемени тенизи меѓу двете држави./Алсат.мк
Ајнур Бафќари