ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје

Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова вчера, на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во РСМ, при што им порачала дека тие се суштински дел од бугарската нација и дека ја играат виталната улога за ширењето на бугарската култура, јазик и вредности РСМ, јави БГНЕС.

Advertisements

На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.

Јотова, осврнувајќи се на ситуацијата со инцидентот со Христијан Пендиков, нагласила дека властите во Софија го следат внимателно расчистувањето на тој случај, при што истакнала дека „бугарската самосвест, а не бугарските документи, те прават Бугарин“.

Според неа, од особена важност е соработката меѓу бугарските културни клубови и граѓанските организации.

– Бугарската заедница во Македонија има богато културно наследство, кое заслужува да се чествува и негува. Промовирањето на бугарската култура и традиција во Македонија ќе ја зајакне бугарската заедница и ќе доведе до поблиски односи меѓу Бугарија и Македонија, оцени бугарската потпретседателка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button