Јотова: Скопје се обидува нашите барања да ги претстави како каприц и да ги стави во билатерална блокада

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска ќе ја има својата прва средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која е во официјална посета на Софија.
Главната тема на која ќе разговараат, според изјавата на Јотова, но и според настанот на чие отворање ќе присуствуваат – Форумот „Европската Унија се среќава со Балакнот“, ќе биде проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.
„Ова ќе биде моја прва средба со комесарот Кос. Сакаме да слушнеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Моја опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци“, изјави бугарската потпретседателка пред почетокот на форумот“, пренесе БНТ.
Одговарајќи на новинарски прашања, Јотова потврди дека на средбата ќе го соопшти и ставот на Бугарија во однос на Република Северна Македонија.
Според Јотова, дебатата околу ова прашање се искривува и во Бугарија и на европската сцена.
Прашана како се искривува, бугарската претседателка вели дека има обиди од Скопје кои настојуваат барањата на Бугарија да ги стават во билатерална блокада.
„Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од РСМ да ги претстават нормалните барања на Бугарија – почитување на европските критериуми – како каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно“, вели потпретседателката на Бугарија.