ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Јовановиќ: Инфлацијата е скриен данок, со кој се полни државниот буџет

Цените на храната не се намалува и покрај владините мерки за заштита на животниот стандард. Граѓаните реагираат дека секогаш кога одат во продавница се соочуваат со поскапи прехранбени производи. Податоците на Државната статистика покажуваат дека во јануари најголем пораст од 39,1% има кај лебот и житариците, потоа млекото, сирењето и јајцата со 36,2%, а на трето место е месото со 28,3%. И останатите продукти се поскапени, така што растот на цената на маслото за јадење достигна 18,4%, кафето и чајот 17,3%, риба и морските плодови 14,4%.

Advertisements

ТОП 5 поскапувања на прехранбените производи:

јануари 2023/јануари 2022/

Леб и житарки 39,1%
Млеко, сирење и јајца 36,2%
Месо 28,3%
Масло 18,4%
Кафе, чај 17,3%
Риба 14,4%

Врз основа на податоците на Државниот завод за статистика, за производите за кои во јануари 2021 година сме платиле 1000 денари, сега ќе треба да издвоиме 1.366 денари.

Економските експерти велат дека инфлацијата е во интерес на државата но на штета на граѓаните. Бранимир Јовановиќ вели дека инфлацијата е скриен данок кој со поскапувањето, со данокот на додадена вредност се полни државниот буџет. Тој вели дека државната каса годинава се наполнила за 15 отсто повеќе, што се совпаѓа со стапката на инфлација која во јануари изнесувала 17 отсто според Народната банка.

За да се спречат злоупотребите на трговците со надуените цени, Владата ја ограничи маржата на основните прехранбени производи до 30 април. Со цел производителите на основни прехранбени производи да произведуваат поевтина храна, Владата од 1 јануари годинава овозможи и субвенционирана струја .Но, овие мерки се недоволни и според професорот по економија Сами Бислими.

„Тие не инвестираа речиси ништо во економскиот развој, што значи зголемување на производствените капацитети, што би овозможило зголемување на приходите, зголемување на понудата на производите на земјата, зголемување на животниот стандард на граѓаните, а ние не би биле толку зависни од увозот на производи- во 2022 година трговскиот дефицит достигна 3,7 милијарди евра. Некој треба да ги плати овие пари“, рече Бислими.

Ако го погледнеме зголемувањето на трошоците на годишно ниво, во јануари 2023 година, трошоците за храна и пијалоци се дури за 25% повисоки отколку во јануари 2022 година.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button