ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Јовановиќ: Македонскиот даночен систем е неправеден

Економскиот експерт, Бранимир Јовановиќ, во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат оцени дека најавените даночни реформи се задоцнети и изрази неколку забелешки на севкупниот даночен систем на државата.
„Мислам дека се доцни со даночната реформа поради две причини. Прво, во Македонија, генерално, јавните финансии се во лоша состојба, односно државата не собира доволно пари за да ги обезбедува сите јавни услуги што треба да ги обезбедува, како квалитетно образование, здравство и слично. Второ, затоа што македонскиот даночен систем е крајно неправеден, односно тој многу повеќе ги даночи сиромашните отколку богатите и ги даночи малите фирми наместо тие коишто остваруваат повисоки профити“, вели Јовановиќ.