Јовановска: Економската кризата се одразува врз психата на луѓето

Психологот Мирјана Јовановска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, говореше меѓу другото и за влијанието на постојаните поскапувања и економската криза врз психолошкото здравје на луѓето. Како што оценува таа, ваквата криза ќе се одрази на сите полиња на функционирање на луѓето.
„Кризата ги погаѓа сите. Не само покачувањето на цените туку и неизвесноста што ја носи поскапувањето. До каде ќе оди? Што ќе биде со нашата иднина? Се зголемува чувството на небезбедност кај народот што предизвикува внатрешни последици – да станат несигурни во сами себе, несигурни во својата иднина, што ќе прават со своите деца, каква ќе биде нивната кариера. Ваквата економска криза носи нешто што ќе се одрази на сите полиња на функционирање на овој народ“, рече Јовановска.