МАКЕДОНИЈА

Јовановски и Јанева „паднаа“ и на Врховен

Шоуменот Бојан Јовановски познат како Боки 13 и екс – шефицата на згаснатото СЈО, Катица Јанева паднаа и на Врховниот суд. Денеска највисокиот суд заседаваше по предметот „Рекет“ во кој Јовановски е осуден на 9 години, а Јанева на 7 години затвор. Тие поднеле барање за вонредно преиспитување на оваа правосилна судска пресуда, но Врховниот суд ги одби нивните барања и ги потврди пресудите, соопштија од судот. Пред две години скопскиот кривичен суд ги прогласи за виновни Јовановски и Јанева во случајот „Рекет“ – односно дека тие му изнудиле пари на бизнисменот Орце Камчев за да се спаси од случајот „Империја“ кој го водеше СЈО.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button