ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Јовановски: Во моментов зголемување на даноците ќе стави катанец на некои компании

Зоран Јовановски, од Стопанската Комора на Македонија смета дека зголемено оданочување на компаниите во моментов би можело да предизвика некои од нив да стават катанец на вратите. Како што рече тој, во вечерашного гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претпријатијата и онака периодов се соочуваат со зголемени трошоци.

Advertisements

„Комората имаше еден интерен процес на консултации и генерално, за пакетот даночни реформи, заклучокот беше дека сега не е моментот за даночни реформи. Во моментов имаме незапаметен удар врз компаниите, поради порастот на цените на енергенсите. Во овој момент, да се зголемува даночното оптоварување на компаниите не е добро и ќе води кон тоа, еден извесен број компании да стават катанец на врата“, вели Јовановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button