ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јовески: Материјалите за ДНК утре ќе бидат предадени на бугарското обвинителство

Јавниот обвинител на Северна Македонија Александар Јовески изјави дека институтот за судска медицина обезбедил ДНК на роднините на жртвите и дека материјалите утре ќе бидат предадени на членовите на бугарското обвинителство и заедно со овие материјали ќе бидат предадени и документите кои обвинителството го обезбеди досега.
„Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска пристигнаа бугарските колеги, ние од институтот за судска медицина ја обезбедивме ДНК-то на роднините на жртвите и утре материјалите ќе им бидат предадени на членовите на бугарското обвинителство. Заедно со овие материјали ќе им бидат предадени и документите кои ги обезбеди обвинителството“, рече Јовески.