ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовески: Обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со застарувањето на дел од делата согласно последните измени на Кривичниот законик вели дека онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки.

Advertisements

На новинарско прашање, Јовески денеска истакна дека обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако постојат закони со кои тие не го делат мислењето.

-Едно е моето чувство, друго е примената на Законот. И обвинителите и судиите должни се да го применат законот. Во конкретниов случај, онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки. Секој обвинител и судија има многу закони во кој тој не го дели мислењето или ставот на Законот, но едноставно мора да го почитува. Така и во конкретниот случај, без разлика ние како обвинители што лично сметаме и мислиме во делот на одредени конкретни законски решенија должни сме да ги почитуваме овие законски решенија и одлуките да ги носиме согласно нив, рече Јовески.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button