Јовески одлучува дали Русковска наредила незкаконски претрес

Имало или не неправилности во работењето на Обвинителството на Вилма Русковска при претресот во управата за финанскиска полиција одлучува главниот државен обвинител Љубомир Јовевски. Ова следи откако директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми поднесе претставка до Јовески, во која наведе дека имало низа пропусти во наредбата за претрес од обвинителството за гонење на организиран криминал во канцелариите на финансиската полиција. Јовески ќе пресече дали имало неправилности во постапувањето на обвинителите и истражителите, како што обвинува Муареми но од обвинителството за Алсат велат дека се уште е рано за било каква одлука.
Алсат праша во советот за јавни обвинители дали во вакви случаи е можно разрешување на обвинител, но оттаму велат за овие прашања ќе разговараат на седница на советот доколку им пристигне претставка. Такво барање може да упати и Управата директно но и државниот обвинител Љубомир Јовески.
Овие турбуленции на ниво обвинителство- Финансиска полиција следат по претресот на обвинителството на Русковска во канцелариите на директорот Муареми.
Обвинителството не откри детали што барале во финансиската полиција освен дека постапувале по пријава на група граѓани. Додека Муареми, една недела по претресот обвини дека во наредбата има низа пропусти кои ги одобрил судија на претходна постапка од кривичниот суд. Побаравме одговори и од Судскиот совет дали ќе се води постапка но не беа достапни за одговор.
Претставката доведе и до лични препукувања меѓу директорот Муареми и шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Русковска која обвини дека на овој начин тој врши директен притисок врз институциите . На ова директорот на финансова возврати дека уште кога го испратил соопштението за поднесената претставка бил свесен дека Русковска ќе го злоупотреби зборот „наводен притисок“ .
„Обвинителке штитењето на своите права и правата на Управата за финансиска полиција од неосновани и незаконски дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и законите“ вели Муареми.
Мирјана Давидовска