ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовески со порака до јавните обвинители: Построги казни за недозволено држење оружје и муниција

Ако се имаат предвид огромните штетни последици што можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција.

Advertisements

„Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка. Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни“, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button