ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева.

Advertisements

– Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот. Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање. Се случи тоа што се случи. Знам дека е тешко, и не е фер, како што и многу други работи не се фер, можеби и понефер од ова што се случи со гласањето. Ама сепак сакам народот да знае дека тоа е и сигнал дека ЕП не сака да се меша во тоа, затоа што го признава македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонскиот јазик, вели Јовева во изјава за Канал 5.

Словенечката европратничка вчера во дебатата во ЕП за извештајот за земјава, им порача не нејзините колеги дека „идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради лобирање“.

– Овој извештај не се однесува на правото на постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Иако самиот факт дека таков дел постои во текстот на извештајот мене лично не ми пречи, го поддржувам и нема да гласам за негово бришење, морам сепак да бидам фер и да му порачам на македонскиот народ: Знам дека боли – и мене лично ме боли – но не прифаќајте наративи од политичари кои ќе тврдат дека Европскиот парламент ви ја одзел идентиетата или јазикот. Тоа не е вистина. На оние кои го тврдат токму тоа, затоа што сакаат сè, освен правичност, им порачувам: македонскиот јазик е автентичен, а вашите обиди се современа фикција. Идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради вашето лобирање. За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст“, порача Јовева во ЕП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button