ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовевски поддржува филтрација на судството

Државниот обвинител Љубомир Јовевски ја сумираше 2020 – та на два дена пред Нова Година. Се пофали дека повеле постапка против пет обвинители кои направиле грешки во работењето. Обвинител од скопското обвинителство сам поднел оставка откако било утврдено дека нестручно постапувал. Немало основ да одговара и кривично. Јовевски посочи дека ја поддржува владината одлука за филтрација на судството и обвинителството.

Advertisements

„Обвинителството во следниот период ќе ја засили одговорноста на обвинителите. Во таа насока зборував и за донесениот правилник со кој ќе се оценуваат обвинителите и дека досегашните надзори во обвинителствата си ги вршат повисоките обвинители“, рече Јовевски.

Јовевски уверува дека обвинителството работи на случаите кои ги отворија неговите колеги од згаснатото СЈО. Дел од предметите веќе влегле во судница. Се работело на останатите истраги. Немало притисоци да се запрат предметите каде се осомничени функционери – на пример запрената истрага за „Попис“ против Али Ахмети. Во тек било вештачењето на случјот „Империја“ за перење пари против неколку бизнисмени, а меѓу нив и Орце Камчев и Сашо Мијалков.

„Очекуваме во некое рационално време да биде изготвен писмениот наод и мислење од вештите лица“, вели Јовевски.

Јовевски посочи дека обвинителството со години се соочува со недостиг на вработени. Годинава биле избрани нови 18 обвинители, а во завршна фаза било вработувањето на 70 нови лица на работно место – стручен соработник. За време на вонредната состојба пролетва завршени биле постапки против 3.500 граѓани кои не ги почитувале мерките за заштита од Ковид 19 или го прекршиле полицискиот час кој тогаш беше во сила.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button