ЈСП – Работниците земаа плата, партиите продолжуваат со меѓусебни обвинувања

Обвинувањата меѓу политичките партии за финансиската состојба на Јавното претпријатие продолжија и денеска. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Градоначалничката на Град Скопје е критикувана и обвинувана и од владејачката партија. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се виновни за колапсот, огромните долгови, доцнењето на платите и прекинот на јавниот превоз.
Во четвртокот автобусите на ЈСП останаа паркирани во гаража поради револтот на вработените кои не земале плата за септември иако на 15 ти октомври истекол законскиот рок. Вработените протестираа пред ЈСП, бидејќи како што рекоа, нивните пари треба да пушти работодавецот, а секретарот на Град Скопје и директорот на претпријатието протестираа пред Владата каде имаше и неколку паркирани автобуси. Од Град Скопје пренаменија дел од парите во градскиот буџет за плати во ЈСП.
Еви Шкопи