

Алсат
24.07.2020 13:17
Раководството на Манчестер Јунајтед ги замрзна сите планови за трансфер, сè додека не се знае дали клубот ќе се натпреварува во групите на Лигата на шампионите во следната кампања.
„Црвените ѓаволи“ влегоа во лоша форма во најнеповолниот момент од кампањата, дозволувајќи две реми против Саутемптон и Вест Хем, како и пораз од Челси за ФА Купот. Овие околности сериозно го доведоа во прашање евентуалното учество на тимот на најпрестижниот европски клупски турнир следната сезона.
Манчестер е на 3-то место, со еднакви бодови со 4-тиот Челси и само еден бод предност од 5-тиот Лестер. Интересно е што Јунајтед им гостува на „лисиците“ во последното коло од Премиер лигата во директен натпревар за место во топ 4.