СПОРТФУДБАЛ

Јувентус најде решение за средниот ред кај Удинезе

Јувентус ја интензивира потрагата по нови засилувања за средниот ред, откако „старата дама“ најпрвин остана без Пол Погба, а сега и без Фаџоли, кој ќе биде суспендиран поради скандалот со обложување на спортски натпревари.

Advertisements

Алегри бара најмалку двајца нови играчи за овој дел од тимот, а се очекува еден од нив да биде Лазар Самарџиќ, српскиот интернационалец кој блеска и оваа сезона во дресот на Удинезе. Самарџиќ минатото лето беше пред трансфер во Интер, но преселбата пропадна во последен час поради конфликт на неговиот татко со управата на „нероаѕурите“ и со менаџерката Рафаела Пинамента.

Сепак, србинот останува еден од најпосакуваните играчи на италијанскиот фудбалски пазар, а Јувентус е решен да го ангажира во јануари.

Италијанските медиуми најавуваат дека со самиот фудбалер е договорена петгодишна соработка за почетна плата од 1,2 милиони евра по сезона (што ќе расте секоја наредна година). Веќе е подготвена и понуда за Удинезе, во висина од четири милиони евра за позајмица до крајот на сезонава, со клаузула за задолжителен откуп ако Јуве се пласира во ЛШ за дополнителни 18 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button