ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Пендаровски со став за праќањето војници во Украина

Откако вчеравечер францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека не е исклучена можноста да се испратат војници на НАТО на боиштата во Украина, голем број лидери од Алијансата започнаа да се произнесуваат за неговата идеја. Засега официјално Скопје нема да зазема став по ова прашање.

Од Кабинетот на претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски за Алсат одговорија дека во рамки на НАТО не е официјално разговарано за ова прашање.

„Доколку прашањето биде отворено за консултации, заедно со сојузниците внимателно ќе ги разгледаме сите аспекти. Потоа, одлука ќе носиме првенствено потпирајќи се на нашите стратешки државни интереси“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button