СВЕТ

Кабул: Во самоубиствен напад загинаа најмалку 19 лица

Во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа најмалку 19 лица, а голем број лица се повредени, соопшти авганистанската полиција. الكرابس

Advertisements

Нападот се случил во близина на едукативен центар во западниот дел на Кабул, а во тој момент, како што соопштија од едукативниот центар, студенти полагале испит. مراهنات سباق الخيل

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но многу од жителите во областа каде што се случи експлозијата се Хазари, етничко малцинство кое беше цел на претходни напади од терористичката организација Исламска држава.

Во приватниот колеџ каде се случи самоубиствениот напад се школуваат и женски студенти, кои не можат да одат во јавните школи бидејќи по враќањето на Талибанците на власт се затворија училиштата за девојки.

Од Министерството за внатрешни работи раководено од талибанските власти го осудија нападот и рекоа дека безбедносни тимови се на терен и се обидуваат да ја вратат стабилноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button