ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Качанички пат“ сѐ уште чека реконструкција

Делницата позната како „Качанички пат“ иако спаѓа во категоријата автопати, не остава таков впечаток. Пред околу година и пол се создаде впечаток дека овде нешто се прави, но денес е исто, на некои места патот воопшто не е израмнет, што е проблем за сите кои поминуваат со нивните возила.

Advertisements

Овој пат е многу фреквентен, бидејќи води до граничниот премин Блаце, но по него поминуваат и граѓаните кои сакаат да се приклучат на обиколница. Градоначалникчката на Град Скопје не даде конкретен одговор дали и кога ќе се реконструира оваа сообраќајница.

На 31 август 2021 година, тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, го презентираше проектот за новиот булевар „Хасан Приштина“, кој ќе го опфати автопатот „Јадранска“, или познат како „Качанички пат“. За оваа инвестиција, вклучително и делот под касарната каде веќе се работи, беше издвоен буџет од 550 милиони денари. При презентацијата на овој проект за патна инфраструктура беше кажано дека очекувањата се да биде завршен во рок од две и пол години.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button