Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја дочека Летонија во натпревар од четвртото коло на Лигата на Нациите. Нашите фудбалери треба да освојат уште бод за заверка на првото место во групата, меѓутоа целта се сите шест во преостанатите два меча.
На првата од двете средби во Скопје македонските фудбалери в четврток ќе ги дочекаат Летонците во 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“. УЕФА веќе ги делегира официјалните лица за средбите од ова коло.
Правдата во Скопје ќе ја дели Гога Кикачеишвили, заедно со грузиските помошници Ахвледиани и Габисониа, додека четврти судија е Квирикашвили. Во ВАР собата ќе работи унгарскиот арбитар Томаш Богнар.