ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кадрите што им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат, нема свежина во СДСМ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најавените кандидатури на Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски за претседател на СДСМ покажуваат дека оваа партија продолжува по истиот пат, без нови идеи и нов правец, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштение оттаму наведуваат дека тројцата извесни кандидати за највисоката функција во СДСМ, кои им „асистираа“ на поранешните лидери на оваа партија, Зоран Заев и Димитар Ковачевски, сега сакаат да ги заменат.

„Во СДС нема свежина, нема нови идеи ниту, пак, нов правец. Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии. Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда. Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде што се даваа грантови за сè само не за иновации. Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button