Кадриу: Недостигаат младински центри, општините не инвестираат во млади

Граѓанскиот активист Арбр Кадриу во емисијата „Пат кон“ на Алсат укажа на недостигот од инвестиции од страна на општините за младите. Во оваа прилика тој подвлече недостигот на младинските центри, немањето можност за научно истражување. Според него, во нашите општини имаме сѐ, но не и она што ги допира младите.
„Секако дека треба да имаме надеж, но имаме паралелен оптимизам и песимизам. Имаме многу недостатоци во делот на инвестициите. Конкретно, мислам дека во оваа држава треба да има правда. Мора да има соодветна економија, мора да има образование и безбедност. Претходно кажавме дека има семејства кои имаат многу добри услови, но мигрираат, што значи дека тоа е поврзано со некои прашања, каде што недостигаат инвестиции. На пример, за младински прашања, во јануари 2020 година беше изгласан и одобрен законот за млади во кој се вели дека Владата и општините се обврзани да донесат стратегии, релевантно планирање за младински прашања. И сега сме во 2022 година и ниту една албанска општина нема преземено ваква иницијатива. Да се инвестира во овие објекти“, рече Арбр Кадриу, граѓански активист.