ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Кај седум фирми за пелети, утврдени неправилности

Пазарна инспекција изврши 131 инспекциски надзор кај трговците кои продаваат пелети во периодот од 22.07 до 28.07 овој месец. Алсат дознава дека пазарната инспекција утврдила 7 неправилности за што се преземени соодветни мерки. Во 4 фирми не била пронајдена евиденција а две фирми не ги исполнувале условите за вршење на дејноста. Во само една немало евиденција за вршење на трговијата. Утврдиле дека маржата се движи од 10% до 40 %. Казните за прекршоците кои ги утврдил инспекторатот се движат од 200 до 800 евра за правно лице. Овој извештај за состојбата со продажба на пелети го доставиле до Владата.