ЗАБАВА

Како да добиете бронзен тен на кожата

Како да добиете бронзен тен на кожата

Повеќето од нас сакаат што побрзо да фатат боја сончајќи се под сончевите зраци, но често ваквите напори завршуваат со изгореници. Доколку ги следите овие пет совети, нема да имате потреба да се „печете“ под сонцето цел ден, а бојата сама ќе се „лепи“ за вас.

Направите пилинг на кожата

Секој втор ден наутро пред да се изложите на сонце направете добар пилинг на кожата. Со отстранувањето на мртвите клетки вашата кожа ќе биде повеќе подготвена да ги впие сончевите зраци. Ова подеднакво значи дека и тенот ќе остане подолго на кожата.

Идеално време за сончање.

Нема потреба цел ден да се „печете“ на плажа до изнемоштеност. А не ни здраво. Најефикасното сончање е во раните утрински часови и во доцните попладневни часови. Наутро сончајте се од 7 најдоцна до 10 часот, а попладне од 17 часот.

Тенот побрзо се добива во вода

Што поголем дел од времето поминато на плажа, поминете го во вода. Водата ги рефлектира сончевите зраци, а со тоа и побрзо се потемнува во вода.

Храна богата со бета каротин

Јадете храна богата со бета каротин, која дополнително ќе помогне на вашата кожа да ги „впие“ сончевите зраци. Најдобро овошје богато со бета каротин се праските, а зеленчук – морковите и доматите.

По сончање, хидрирајте ја кожата

После сончањето намачкајте ја кожата со крема богата со витамини. На тој начин кожата нема да стане сува, а и тенот подолго ќе трае./ubavinaizdravje.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button