ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Како да е атомска физика – вештачењето на „петардите“ на Дрин Ахмети никако да заврши

Како да е атомска физика - вештачењето на „петардите“ на Дрин Ахмети никако да заврши

Скоро два месеца по апсењето на Дрин Ахмети поради сомнение за нелегална трговија со пиротехнички средства, Јавното обвинителство сè уште не излегува со наодите од вештачењето. Тоа започна уште почетокот на јануари. Обвинителството уште проценувало дали се работи за пиротехнички средства или не. Ваква постапка досега не се применувала од органите на прогонот, особено не во итни постапки против диви продавачи и трговци.

Advertisements

Од Јавното обвинителство пред неколку дена кусо за Алсат соопштија дека сè уште нема резултати од вештачењето, но освен тоа не споделија повеќе детали. На внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Дрин, не му беа изречени ни мерки за претпазливост. Во кратката изјава што ја имаше за медиумите изјави дека пиротехничките средства ги купил легално за внуците.

Изненадувачки, обвинителството како воошто да не ја зема во предвид оваа негова изјава дека навистина станува збор за пиротехнички средства. Само би се констатирало тоа и би се одело кон докажување на можното кривично дело.

Дрин Ахмети, познат како младиот ко-сопственик на ТЦ „Соравија“ во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете вечерта на 30 декември откако при проверка полицијата во неговиот џип најде големо количество пиротехнички средства.
Според полициската фотографија, станува збор за 750 парчиња чија вредност достигнува неколку илјади евра.

Биле пронајдени во неговиот „Рејнџ Ровер“ со албански регистарски таблички. Бил запрен во близина на американската амбасада, на улицата што води кон Скопското кале./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button