

Алсат
29.05.2020 08:35
Има дечиња кои, иако навремено ќе се одвикнат од употреба на пелени, сепак во текот на ноќта продолжуваат да мократ, процес кој може да трае следните неколку години.
90 % од децата мислат дека тие се единствените кои го прават тоа во текот на ноќта, што ги прави да се чувствуваат лошо. Тешко е да се научи детето ја контролира потребата за мокрење во текот на ноќта, бидејќи спие и мозокот не е активен како во текот на денот. Од 5 до 7 милиони деца го мократ креветот навечер. После петгодишна возраст, овој процент се намалува на 15%, додека наполнат 10 години процентот изнесува 10,95.
Родителите често заклучуваат дека причината за тоа е мрзеливоста на децата, а децата пак се загрижени дека нешто не е во ред со нив. Затоа е потребно да се обрне внимание на оваа состојба која бара голема трпеливост од страна на родителите. Секоја реакција влијае на емотивното и психолошкото функционирање на детето.
Изјавите „Мочкаш како мало бебе“ ,„Нели ти е срам“ и „Биди концентриран во текот на ноќта“ само ја влошуваат ситуацијата кога станува збор за одвикнување. Казните исто така не се во ред бидејќи ќе имаат спротивен ефект. Овие постапки не се ниту малку мотивирачки за детето.
Споредбата со други деца исто така не помага бидејќи не се сите деца исти. Секој човек на проблеми реагира на различен начин. Таке и кај децата. Секое дете е за себе.
Експертите велат дека реакцијата на децата на ноќното мокрење зависи во голема мера од реакцијата на родителите. Ако тие реагираат негативно, само му ја намалуваат самодовербата и предизвикуваат зголемување на срамот кај детето. Ваквата состојба кај него може да придонесе тоа да се чувствува вознемирено, тажно и да почне да се повлекува во себе.
Склоноста кон ставот дека не се како другите деца, ќе влијае во иднина и на социјалниот живот. Ќе ги натера да ја чуваат тајната заради која се срамат и да ги избегнуваат нивните врсници заради тоа.
Што треба да се направи?
Потребно е родителите да одберат позитивен пристап. Кога утрото повторно ќе се измочка во кревет, потребно е да ја променат постелнината и да бидат смирени, полни со разбирање. Не треба да коментираат за настанатата ситуација, туку да продолжат со денот.
Вечерта, треба да му се понуди на детето вечера што порано, отприлика 3 часа пред да си легне. После тоа да не му се нуди овошје кое има својство на диуретик како јаболко и портокал.
Кога ќе ги облече пижамите, родителите би било убаво да го прашаат дали сака да го посети тоалетот. Водата што тече од чешмата додека е таму, може да му помогне да измокри побрзо.
Може да се користи и систем на награди, односно за сите суви ноќи, да добие некаква награда, како прошетка во луна парк, зоолошка градина, игротека и слично.
Да не се буди на средина на ноќта за да оди во тоалет. Со тоа родителите праќаат порака дека тие ја имаат контролата на ситуацијата и нема да се трудат сами да завладеат.
Убаво би било во текот на денот да преспие за да се одмори, бидејќи ако нема барем половина до еден час сон, ноќта ќе заспие длабоко и нема да ја почувствува потребата за мокрење.
Ова е една од ситуациите кои можат да се надминат само потребно е време и трпение, како и повремена консултација со матичниот педијатар кој ќе ги даде потребните совети и насоки за понатамошно однесување.