ВЕСТИЗДРАВСТВО

Како да препознаете дека детето има анксиозност

Кои се симптомите на анксиозноста кај децата - постојат повеќе форми на анксиозно нарушување, а при секоја промена во однесувањето потребно е да се консултирате со стручно лице!

Анксиозноста вклучува чувство на екстремна загриженост или непријатност и може да биде природна кога ќе се случи нешто вознемирувачко. Но, ако детето веќе подолго време чувствува анксиозност која трае и која го спречува да ги извршува секојдневни активности како што се одење на училиште, тренинг, обврски дома, дружење со своите врсници, тогаш станува збор за анксиозно нарушување кое е неопходно да се третира во консултација со стручно лице во форма на психолог или психотерапевт.

Кои се симптомите на анксиозност кај децата?

Анксиозноста има многу симптоми и тие може да се разликуваат од дете до дете. Еве неколку вообичаени знаци дека детето може да има анксиозно нарушување:

  • Проблеми со спиењето
  • Жалење за болки во стомакот или други физички проблеми, иако при лекарскиот преглед се покажало дека е во ред
  • Избегнување на одредени ситуации
  • Прекумерна приврзаност кон родителите или старателите
  • Проблеми со концентрацијата на час
  • Нервоза и страв
  • Брзо станува луто и раздразливо
  • Почеста употреба на тоалетот
  • Присуство на негативни мисли
  • Често плачење
  • Промени во исхраната

На децата може да им се дијагностицираат различни видови на анксиозност во зависност од тоа што најмногу ги загрижува. Еве ги најчестите:

Пореметување на анксиозност при одвојување: Децата се чувствуваат исклучително вознемирени кога треба да бидат подалеку од нивните родители или старатели. Симптомите на анксиозност при одвојување вклучуваат:

  • Загриженост дали родителите или старателите ќе се разболат или умират
  • Тие одбиваат да ја напуштат куќата или да одат на училиште
  • Страв од спиење или страв да бидат сами во просторија
  • Кошмари за разделување
  • Физички симптоми (како што се главоболка или стомачна болка) пред претстојното разделување.

Децата со нарушување на анксиозност при од одвојување покажуваат симптоми најмалку четири недели.

Извор: Педијатар.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button