МЕТРОПОЛ

Како да престанете со бесцелното „скролање“ по социјалните мрежи?

Онлајн-светот навистина не е совршен, но е дефинитивно магичен и лесно може да се најдете во ситуација да изгубите контрола. Прочитајте како да се заштитите од doomscrolling.

Колку часови неделава ги поминавте во бесцелно „скролање“ по екранот, читајќи неважни вести, информации и коментари на социјалните мрежи, особено негативни вести кои се вистински магнет за човечкото око? Прво на Фејсбук, па на Инстаграм, одиме на Тик-Ток, па Твитер… Ако припаѓате во онаа категорија на луѓе што после некое време ќе се запраша: „Зошто воопшто ги читам овие коментари?“, тогаш свесни сте за проблемот и потребна ви е само мала помош, и се разбира самоконтрола.

Онлајн -светот навистина не е совршен, но е дефинитивно магичен и лесно може да се најдете во ситуација да изгубите контрола и да се прашувате како и оваа недела поминавте повеќе од 6  часа во денот на социјалните мрежи.

За оваа практика постои и термин во англискиот јазик кој звучи малку апокалиптично – doomscrolling. Ова е термин кој ја опишува опсесивната желба да се движите без контрола и долго време по екранот низ негативните вести.

Но, не е крај на светот! Ние ви нудиме неколку решенија кои ќе ви заштедат многу време, кое попаметно е да го потрошите на учење нови вештини или подготовка за испитот.

Ова најдобро го знае новинарката Карен Хо, која стои зад профилот  Doomscrolling Reminder Bot кој има повеќе од 120 илјади следбеници на Twitter и секојдневно ги потсетува луѓето да станат и да се напијат вода, да се истегнат, и се разбира да престанат непотребно да „висат“ на социјалните мрежи.
Хо вели дека нејзиниот проект ја научил за тоа зошто луѓето неконтролирано  лизгаат по екраните и како можат да запрат.

„Она што ви го прави „doomscrolling“ всушност ви ја одзема енергијата што во иднина ви е потребна за навистина да се фокусирате на важните нешта и подобро да се грижите за себе“, изјавила таа за „Scientific American“.

Чинот на бескрајно лизгање по екранот и гледање вознемирувачки информации може да влијае на вашето ментално здравје, да ги зајакне негативните мисли или да предизвика чувство на беспомошност. За среќа, постојат многу начини да се запре циклусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button