Како да си помогнете да не се загубите при планинарење


Алсат
20.07.2020 08:19
Да се изгубиш додека искачуваш планински патчиња е многу полесно отколку што изгледа, посебно ако станува збор за почетници. Малку магла, пат кој мислиш дека е вистинскиот и веќе си на друга страна, а немаш идеја за тоа. Но, ако си подготвен и за вакво сценарио, во тој случај нема потреба од паника. Еве што треба да се направи:
Немој да се губиш
Најлесно е да се изгубиш на непознат пат. Затоа претходно потребно е убаво да се проучи местото каде што сакаш да одиш. Убаво разгледај ја мапата, знај како да ја прочиташ и употребиш и секогаш со себе имај безжичен полнач за телефон ако таму се складирани мапите. Ако информациите ги земаш од онлајн водич, во тој случај провери ја нивната веродостојност и на друг сајт за да бидеш сигурен.
Направи план и кажи им го на другите
Секогаш плановите кажувај му ги на некој што ќе остане дома – член на семејството, пријател, сосед и слично. Нека знаат кога и каде ќе одиш, а обавезно да им кажеш кога ќе се вратиш. Остави им копија од планираната рута и држи се до тој план.
Биди подготвен
Покрај навигациониот уред, биди сигурен дека имаш спакувано суштински работи за твоето прво планинарење. Тоа вклучува многу вода, храна, суви алишта, светло и свирче.
Секогаш обрнувај внимание
Секогаш биди свесен за околината каде поминуваш: некој голем трупец, поточе, голема карпа на страна и слично. Оставај знаци кои ќе ти помогнат да вратиш по истиот пат од каде си поминал на одење.
Застани
Застанувањето е првиот чекор: ако мислиш дека си се изгубил немој да одиш ниту еден чекор понатаму. Така само ќе се оддалечиш од рутата.
Размислувај
Паниката на страна и чист ум за размислување. Остани мирен и пробај да ја разгледаш ситуацијата рационално – читај компас, побарај ја патеката која наднаш исчезнала, побарај ги знаците кои ги оставаше попатно. Остани мирен и пријди и на ситуацијата со уште поголема смиреност – секој нареден чекор само ќе ја влоши ситуацијата.
План
Направи план како да се вратиш назад. Можеби ќе решиш да кампуваш на тоа место вечерта, чекајќи го дневното светло утрината за следниот потег. Од друга страна, останувањето на таа позиција и чекање помош е многу добар план ако имаш можност да повикаш некого. Додека чекаш, остани хидриран и одморен. На крај, секогаш биди видлив за спасувачите. Ако имаш некоја прекривка во јака боја стави ја на ранецот и биди на отворено каде има чистина за да те забележат.