ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Како дошло до убиство на девојчето – Еве што вели обвинителот Бубевски

Обвинителот Гаврил Бубевски ги презентираше информациите добиени од осомничените, коишто признале инволвираност во убиството на малолетното девојче, а во однос на моментот кога ситуацијата ескалирала и девојчето било убиено.

Advertisements

„Нивните укажување се дека веќе имале некаква паника заради тоа што во тој момент јавноста била целосно ангажирана околу побарувањето на детето и едниот од нив во тој момент решил дека парите ќе ги бараат покасно, откако ќе помине целата ситуација и решава да го ликвидира. Тоа е она што го имаме од нивните искази“, рече Бубевски.

„И за нас е малку нејасно, кога мотивите се од користољубива природа во истиот момент да лишиш од живот одредено лице, но тоа е нивното објаснување. Сепак, тие работи ќе мора да ги провериме“, додаде Бубевски.

Бубевски нагласи дека истрагата сѐ уште нема податоци од обдукција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button