ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Како ќе влијае ретроградниот Меркур, кој трае до 15 мај, на секој хороскопски знак?

Ако се чувствувате малку изморени, дезориентирани и како да не сте свои, но и ако работите веќе некое време не ви одат од рака, многу е веројатно дека на вас почнал да влијае ретроградниот Меркур.

Ретроградниот Меркур овој пат е во Бик – почна на 21 април, а ќе трае до 15 мај 2023.

Како ќе влијае ретроградниот Меркур на секој хороскопски знак и кои знаци ќе бидат најмногу погодени од оваа појава?

Овен

Ретроградниот Меркур овојпат најмногу ќе влијае на финансиите. Со доаѓањето на пролетта, можеби ќе се чувствувате склони да се обложувате на големи суми или да трошите многу.

Немојте. Пробајте да ги заштедите парите и размислете дали трошите бидејќи навистина имате потреба или со трошењето сакате да си го одвлечете вниманието на друга страна.

Бик

Сонцето влезе во знакот на Бик, па за вас овој ретрограден Меркур нема да биде негативен.

Напротив, во текот на овој период ќе имате можност да се подобрите и да бидете најдобрата верзија од себе или да смените нешто во својот карактер.

Додека се подготвувате за роденденот и размислувате за новата година во вашиот животот, размислете дали треба некому да се извините, од кого треба да се оддалечите, дали некој заслужува втора шанса?

А, потоа продолжете понатаму слободни и неоптоварени од проблеми.

Близнаци

Меркур е вашата владеачка планета, но овојпат е поставена ретроградно во делот кој влијае на вашиот несвесен ум. Ова бара да се повлечете и да бидете смирени сè додека не помине влијанието на ретроградниот Меркур.

Поминете колку што можете повеќе време во тишина, сами, без луѓе со кои можете да се скарате буквално за ништо. Колку сте поизолирани овие неколку недели, толку ќе бидете посмирени.

Рак

На ниту еден воден знак не можете да му кажете да не ги сфаќа работите лично, бидејќи тие сметаат дека секој збор е кажан лично за или против нив.

Но Раковите мора да го направат токму тоа во овие неколку недели додека трае ретроградниот Меркур во Бик. Кај вас Меркур се движи ретроградно низ полето кое вклучува пријатели и социјални мрежи – затоа секој ќе може лесно да ве повреди со зборови.

За да се заштитите, не ги земајте кажаните работи при срце, бидејќи многу е веројатно дека не се такви какви што ги замислувате.

Лав

Ретроградниот Меркур овојпат ќе влијае на кариерата, работата и наследните карактеристики.

Бидете педантни на работа, фокусирајте се на сè што правите, но во исто време бидете отворени за можноста дека до 15 мај може да ви се случи промена во темпото на работа или во професијата.

Девица

Ретроградниот Меркур овојпат најмалку ќе ги погоди Девиците во однос на сите останати хороскопски знаци.

Но, дури и вие сте ранливи на промените што ги носи забавеното движење на планетите. Ретроградниот Меркур сега се движи низ вашата куќа на патување, експанзија и образование.

Запомнете дека одењето по погрешен пат понекогаш можеби е чекор во вистинска насока.

Вага

Ретроградниот Меркур кај вас овојпат е поврзан со сексот, смртта и долговите. Во текот на овие три недели ќе ви се случат промени поради кои ќе сакате да расчистите некои сметки и некои работи да ги почнете од почеток.

Овие промени, без оглед дали се финансиски или емотивни, гледајте ги како можност да завршите некои заостанати работи или конечно да се ослободите од чувството дека некој ве гуши.

Скорпија

Ретроградниот Меркур во Бик овојпат најмногу ќе влијае на вашата љубов. Некој од минатото можеби ќе проба да ја разгори старата романса што постоела меѓу вас, а некој што е дел од вашата сегашност ќе сака да надокнади за пропуштените работи во љубовта.

Вие сепак нема да го добиете тоа што го сакате. Не го сфаќајте ова како казна, туку како лекција со која ќе можете појасно да ги дефинирате вашите желби.

Стрелец

Овој ретрограден Меркур ќе влијае на вашите рутини. Поради неговото влијание, ќе мора да прекинете некои навики што сте ги стекнале одамна, а кои и можеби не се толку добри за вас.

Пробајте да го искористите позитивното влијание на ретроградниот Меркур во Бик во вашиот знак за да го подобрите квалитетот на живот. На пример, почнете да вежбате или да се храните поздраво.

Јарец

Овој ретрограден Меркур влијае позитивно на вас, па дури и ќе ви го олесни животот. Ретроградниот Меркур во Бик најмногу ќе влијае на три работи – сексот, играта, забавата и креативноста.

И покрај тоа што на почетокот на овој ретрограден период ќе се затворите во себе, како што минуваат деновите така вашите видици ќе се отвораат, а вие ќе ги прифатите новите предизвици и ќе имате многу работи на кои ќе се радувате.

Водолија

За време на овој ретрограден Меркур ве очекуваат искушенија во домот, бидејќи планетата се движи низ полето кое ги симболизира домот и семејството.

Иако не сакате да се навраќате на минатото и на своите чувства поврзани со него, овојпат ретроградниот Меркур ќе бара од вас да се вратите на местото на кое во далечното минато сте биле силно повредени, за да се покаете и конечно да им простите на оние што можеле да бидат подобри со вас.

Риби

Во текот на овие три недели додека трае ретроградниот Меркур, постојано ќе се прашувате дали згрешивте нешто, или можеби некому му кажавте нешто што не треба.

Ретроградниот Меркур најмногу ќе влијае на комуникацијата и размената на мисли и енергии, па некој може да ве наведе да кажете работи што не ги мислите.

На овој начин ќе се понижите себеси пред другите. Запомнете дека молчењето е злато и воздржувајте се од коментари овие три недели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button