ЗАБАВА

Како мажите губат силни жени


Како се губи жена? Еве вака…

  1. Ќе изгубиш силна жена ако не застанеш и не се поздравиш со неа. Таа можеби е поинаква, уникатна, заплашува и е фасцинантна, но ништо не е толку болно како губитокот на силна жена, особено доколку не си имал храброст да и се претставиш.

2. Ќе ја изгубиш силната жена ако се правиш неодлолив. Силната жена нема време да „лови“ машки бидејќи е зафатена со исполнување на нејзините цели. Таа, не сака да „губи“ време на оној кој искрено не сака да биде со неа.

Таа не е безобразна, не е арогантна, таа само го чува нејзиното срце. Она, кое и било скршено безброј пати и затоа внимавај да не ја изгубиш уште пред да ја освоиш.

3. Ќе изгубиш силна жена ако ги криеш своите емоции, таа не мисли дека си силен ако ги чуваш во себе. Таа мисли дека си најубав кога не се плашиш да и го покажеш она што го носиш во себе и да покажеш дека си човек. Таа не сака да погодува што чувствуваш, сака да го почувствува се она што ти го нудиш т.е. поседуваш.
Таа го доживува животот на многу длабок начин и затоа и е потребен некој ист како неа.

4. Ќе изгубиш силна жена ако ја третираш само како жена, а не како чудо на природата, бидејќи таа всушност тоа и е. Таа е рамноправна, моќна и може да поместува планини без било чија помош.
Силната жена не е неподнослива феминистка, но таа знае колку вреди и колку е способна и нема да дозволи никој да и го одземе тоа. Таа исто така знае кога некој ја искористува и никогаш нема да дозволи да биде запаметена само заради полот.

5. Ќе изгубиш силна жена ако ја омаловажуваш. Силната жена со многу труд ја изградила нејзината самоувереност, кариера и односи.

Силната жена никогаш нема да застане позади некој кој нема да застане позади неа. Таа можеби нема да ти го каже тоа директно, бидејќи е свесна како другите се чувствуваат поради тоа, но таа нема да се зближи со некој кој не гледа што се таа постигнала.

6. Ќе изгубиш силна жена ако не ја почитуваш. Таа се почитува самата себе и не толерира никој кој не ги препознава нејзините квалитети.

7. Ќе изгубиш силна жена ако ја молиш. Таа не бара некој кој ќе ја моли. Таа сака некој кој ќе се бори, некој кој е одличен како и таа самата, некој кој точно знае како да бара прошка и како да ја даде.

8. Ќе изгубиш силна жена ако едноставно ја пуштиш. Таа не е како другите жени. Нема да ти се врати молејќи те на колена. Таа не прави драми. Ако очекуваш дека ќе се однесува како сите останати се лажеш. Таа само мирно ќе гледа како ја пушташ да си замине.

И затоа момци, кога еднаш ќе имате прилика да освоите силна жена, не дозволувајте таа да си замине.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button