ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Како мудроста се разликува од другите особини?

Емпатија. Разбирање на самите себе. Морал. Емоционална стабилност. Овие зборови би требало да опишуваат барем некои од универзалните особини што и се припишуваат на мудроста, секоја од нив е универзално призната и ценета.

Всушност, не постои трајна, доследна дефиниција што точно би значело да се биде мудар. Тоа е исклучително драгоцена добродетел, но во основа необјаснива, безвремена тема која од неодамна го привлече вниманието на строгата, научна промисла.

Докторите по медицина Дилип В. Џест и Томас В. Микс, двајцата професори на катедрата за психијатрија на Универзитетот во Калифорнија – Сан Диего, како и истражувачите на Sam and Rose Stein Institute for Research on Aging, објавија документ во кој се тврди дека мудроста би можела да има невробиолошки корени. Со други зборови, мудроста е испремрежена.

Во списанието „Геронтологист“, моментно достапно и во онлајн издание, Џест и Микс одат и натаму, обидувајќи се да ги идентификуваат средишните, обединувачките елементи што ја обележуваат мудроста. Со колегите од уште четири универзитети, тие му се обратиле на собир на меѓународни стручњаци поради карактеризација на својствата на мудроста, интелигенцијата и духовноста-како и мерење на модусите на кои секоја одделна особина наликува или се раликува од останатите.

„Постојат неколку главни дефиниции на мудроста, но нема единствена, сеопфатна дефиниција која би опфатила секој одделен значаен аспект на мудроста“, изјави Џест, раководител на Estelle and Edgar Levi Chair in Aging, професор по психијатрија и невронаука, и раководител на геријатријската психијатрија на Универзитетот во Калифорнија-Сан Диего.

„Интелигенцијата и духовноста ги делат одликите со мудроста, но тие не се исти нешта. Одделно лице може да биде интелигентно, но затоа може да му недостасува практично знаење. Духовноста често се врзува со старосното доба, токму како и мудроста, но повеќето истражувачи мудроста настојуваат да ја дефинираат со секуларни (световни) именувања, наместо со духовни“.

Истражувањето се состоело од дводелен елаборат и прашалник составен од 53 изјави, кои се однесувале на концептите на мудроста, интелигенцијата и духовноста. Пронашле 57-мина стручњаци кои потоа ги контактирале по e-mail, 30-мина се одзвале. Фазата на првото истражување открило значајни разлики помеѓу одделни групи на концепти во 49 изјави од 53. Мудроста се разликувала од интелигенцијата во 46 од 49 елементи, додека од духовноста се разликувала во 31 елемент. Во втората фаза дефиницијата на мудроста додатно е облагородена со фокусирање на 12 елементи содржани во рерзултатите од првата фаза. Повеќето стручњаци се согласиле дека мудроста би можеле да ја обележиме на следниот начин, а утврдиле и Џест и Микс:

-Иманетна им е на луѓето
-Претставува облик на напреден когнитивен и емоционален развој поттикнат со искуствениот
-Претставува личен, иако редок квалитет
-Можно е да се усвои, со старосното доба добива се поголемо значење и е можно да се мери
-Нејзината сила најверојатно не зависи од земање лекови.

Истражувањето е спроведено со помош на Delphi методот, кој RAND Corporation го развил во 50-тите години на минатиот век, а се темели врз начелото дека прогнозите кои се резултат на организирана група стручњаци се во многу попрецизни од оние што се резултат на неорганизирана група или на поединци. Авторите на документот идентификувале 60-мина признати стручњаци во подачјето на мудроста во светот, фокусирајќи се на оние надвор од нивните сопствени установи. Избраните требало да имаат најмалку две рецензирани публикации на тема мудрост и духовност, иако бројот на вкупните публикации не бил единствен критериум на изборот.

Во рамките на истражувањето стручаците требало да ја одредат стапката на релевантност и значајност на шест изјави (на пр. „концептот е можно да се примени врз луѓе“), темелена врз нивното сопствено познавање на емпириските докази во рамките на концептите на интелигенцијата, мудроста и духовноста. Бодовното скалило е одредено во распон од 1 (дефинитивно не) до 9 (дефинитивно да). Стручњаците потоа се замолени да ја оценат важноста на 47 компоненти, како алтруизам, практични животни вештини, смисла за хумор, реализам, подготвеност да им се прости на други и самопочитување, во рамките на концептите на мудроста, инелигенцијата и духовноста.

„Се разбира, еден елаборат не може целовито и во потполност да ја дефинира мудроста“, изјави Џест. „Негоата вредност почива на поставката дека стручњаците меѓусебно постигнале значајна согласност дека мудроста е навистина посебна целина со низа карактеристични особини. Податоците обединети со ова истражување би требало да помогнат во осмислувањето на идни емпириски истажувања на тема мудрост“.

(Извор: University of California- San Diego)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button