Како настанала познатата Цезар салата?


Алсат
25.06.2020 08:19
Сите ја сакаме популарната Цезар салата, одлична комбинација на вкусни и хранливи состојки. Иако името на салатата не асоцира на римскиот император Цезар, сепак оваа салата го добила името по друг Цезар.
Оваа салата е креација на Цезар Кардини, италијански емигрант кој бил сопственик на ресторани во Мексико и Америка.
Според кажувањата на неговата ќерка, Роса, Цезар во еден јулски ден во 1924 година останал без намирници во својата кујна, поради големата посетеност во неговиот ресторан, а за да ги задржи гостите, Цезар со преостанатите состојките како марула, јајца, шери домати и малку пилешко месо подготвил салата која подоцна се покажала како многу барана.
Сепак, постои уште едно кажување од страна на партнерот на Цезар Кардини. Според него, оваа салата првично била направена за американски воздухопловец од Сан Диего, а токму и затоа салатата била наречена “Aviator’s Salad”. Алехандро, братот на Цезар ја потврдил оваа информација. Сепак дилемите околу името и рецептот продолжуваат и понатаму, но едно е сигурно, а тоа е дека оваа салата не е крстена според римскиот император Цезар.