ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Како новиот пат за Блаце, кој ДУИ го ветува на секои избори, од 14 се искачи на 30 милиони евра

Како новиот пат за Блаце, кој ДУИ го ветува на секои избори, од 14 се искачи на 30 милиони евра

Иако медиумите очекуваа свечено пуштање на двата километри од новиот автопат Блаце-Скопје, надлежните имаа друг план – промовираа асфалтирањето на стар пат, додека за новиот  рекоа дека е во завршна фаза и ќе биде свечено пуштен за два месеци.

Advertisements

Првично беше поделен на два сегменти, за првите 2 километри имаше рок од 18 месеци, но поминаа 48 месеци и се уште не се гледа крајот. Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека роковите се пробиени, поради околности предвидени при реализација на проектот со подземни води и одрони.

„Кога зборуваме за проблемот на овие 2 километри, истите проблеми ги имавме и за автопатот Кичево-Охрид, Ранковци-Крива Паланка и Градско-Прилеп. Се пробија роковите и се појавија нови работи кои за кои требаше да се склучат анекс- договори. Во зависност од временските услови, овие два километри ќе бидат пуштени на крајот на март или почетокот на април“, вела од ЈПДП.

На прес-конференција одржана на кружниот тек на патот Блаце-Скопје од страна на Европскиот сојуз за промени, активистите излегоа со транспаренти во рацете: „Доста веќе!“, „Срамота, 2 километри, 4 години“ и „2 км – 30 милиони евра“. Од ЕСП рекоа дека договорот е потпишан на 16 јануари 2020 година со победникот на тендерот „Гранит“ и сега по 4 години од првичната сума од 14,5 милиони евра, трошоците достигна 30 милиони.

„Зошто толку долго се одолговлекуваше овој пат или желбата на ДУИ е секој изборен циклус да се промовира со овој пат? Зошто и како се двојно зголемени средствата од 14,5 на 30 милиони евра? Дали некој ќе понесе одговорност! Дали завршувањето на овој проект намерно се одложува за да се заштитат деловните интереси на казината на кланот евровиа-лотарија-соравија-ДУИ. Но, на ова лошо управување на кражби и злоупотреби му доаѓа крајот. Овој пат како и многу други проекти ќе биде завршен, но не од оваа влада. Сега сте во заминување, што е најдоброто нешто за Албанците што им се случува во овој период“, изјави Фахри Исени, ЕСП.

Автопатот Скопје-Блаце иако е долг  само 12 километри, стана познат поради децениското доцнење на неговата изградба. Вториот сегмент од 10 километри што ќе го поврзе граничниот премин со главниот град и понатаму останува проект на хартија. Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека годинава ќе го распишат тендерот за фирмата изведувач и фирмата за надзор на проектот. Идентични одговори добиваме  во последните две години. Прогнозите се дека еден километар ќе чини околу 15 милиони евра, и ќе биде меѓу најскапите во Европа. Никој од надлежните не најде храброст да каже точен датум кога ќе почнат работите на вториот сегмент од овој автопат, а уште подалеку е неговото завршување./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button